ДРЖАВНА НАГРАДА 8 СЕПТЕМВРИ

Со државната наградата “8 Септември” се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот.
Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план.
Со награда за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план се оддава признание на тренери (селектори и тренери) и спортски работници заради промовирање на Република Македонија во светот со остварени високи спортски резултати во меѓународниот спорт со кои се дава исклучителен придонес за развој на спортот во Република Македонија.
Иницијативата за доделување на:
– Наградата “ 8 Септември „ за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план, ја доставува матичната национална спортска федерација, поддржана од најмалку десет национални спортски федерации ;
– За четирите награди „8 Септември” со кои се оддава признание на тренери, спортисти и спортски работници за остварувања во областа на спортот инцијатива може да достават поединци, спортски клубови, национaлни спортски федерации и други организации од дејноста спорт.
Паричниот износ на државната награда „8 Септември” изнесува десет (10) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
На наградениот за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмација и промоција на Република Македонија на меѓународен план му се доделува плакета, диплома и паричен износ.
Паричниот износ на наградата “8ми Септември” за животно дело е доживотна месечна исплата на една просечна плата исплатена во последните три месеца на тековната година.”
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба детално да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани и: биографски податоци, адреса на живеење, податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други документирани податоци и аргументи за кои се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Подносителот на иницијативата мора да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон. Иницијативата (во комплетирана форма, вклучително прилозите) да се достави во 20 примероци