Македонска алпинистичка федерација – Резултати

клубови

репрезентации

*** Алпинистички собир во Демир Капија – мај/2017

Во текот на викендот 20/21 мај, Македонската Алпинистичка Федерација, организираше алпинистички собир на локалитетот покрај Демир Капија, во рамките на Меѓународниот Аутдор Фестивал во овој град. Во собирот учествуваа повеќе наши членови од 5 алпинистички клуба и беа реализирани искачувања како на кратки насоки, така и на подолги алпинистички насоки, од кои конкретно на „Тулумба“, „Полжав“, „Б2“, „Блажева“, „Гавран“ и „Тријатели“, а беше искачена и нова насока за која ќе бидат дополнително споделени информации.
Овој собир имаше симболичен натпреварувачки карактер во неколку дисциплини, пред се’ во правец на инспирирање и кревање на нивото на најмладите – надежите во нашите клубови, но и инспирација за поголем учинок и од поискусните.
Според дисциплините, ова се најуспешните – по 3 во секоја категорија:

А.Во натпреварот „Могли“, преку кој пред се’ се направи обид за инспирација на нови качувачи – деца, да пројават интерес за „вертикалите“, најуспешни во категориите до 7-годишна и до 13-годишна возраст беа:
-до 7-годишна возраст
1.Славе Јовановски
2.Даниел Захарчев
-до 13-годишна возраст
1.Павле Манчев
2.Никола Спасов
3.Бранко Мошев
-девојки
1.Олгица Мелова

Б.Најуспешни алпинистички надежи
1.Стефан Ристов
2.Јосип Мајдиќ
3.Дарко Новоселски

В.Најуспешни наврски
1. Зоран Мајсторски и Стефан Станишков
2.Александар Зарапчиев и Елена Диновска Зарапчиев
3.Игор Талевски и Весна Талевска

Г.Награда за наврската Зоран Мајсторски и Стефан Станишков за нова насока (детали ќе бидат објавени наскоро)

Д.Најуспешен алпинистички клуб на собирот
АК 8 – Скопје

Искажуваме благодарност до сите членови кои присуствуваа на овој собир и покрај променливите временски прогнози.

На фотографијата: Александар Зарапчиев, Елена Диновска Зарапчиев и Хекуран Зекири при повторување на „Тријатели“ (фото: Игор Талевски)

*** Традиционален меморијален алпинистички собир – „Македонски алпинистички великани“

Во текот на викендот 13/14 мај, на Матка се одржа традиционалниот Меморијален алпинистички собир „Македонски алпинистички великани“, кој алпинистичката заедница го одржува веќе повеќе од 30 години.
Овогодинешниот меморијал, беше посетен од повеќе од 50 членови, претставници на 6 алпинистички клуба при Македонската алпинистичка федерација, кои во текот на двата дена, реализираа повеќе повторувања на алпинистичките насоки во овој локалитет и тоа на: „Борник“, „Отмар“, „Нина“, „Козина“, „Новогодишен“, „Матка лева“, „Матка десна“, „Ветерански“ и „4 клина“ – насоки кои прв пат биле искачени и пред неколку децении од постарите генерации на алпинисти, во чија чест всушност денешните се собираат и оддаваат почит за нивните дела: дружејќи се, качувајќи, подготвувајќи се за други искачувања во текот на оваа година итн.
Покрај тоа, како и во изминатите години, за време на овој собир, во текот на двата дена беше овозможено, на вежбалиштата покрај манастирот Св. Никола, секој посетител кој е заинтересиран прв пат да проба да качува на карпа, да го направи тоа, обезбедуван и под инструкции за првите чекори – од страна на нашите членови.

Фотографии: Игор Талевски, Петар Герасимовски, Александар Зарапчиев