СТИПЕНДИИ – Меѓународна и светска категорија

Стипендии - меѓународна и светска категорија

Агенцијата за млади и спорт согласно член 50 од Законот за спортот („Сл. Весник на РМ“ бр. 29/02, 66/04, 81/08, 18/11, 51/11 и 64/12), врши верификација на спортисти од светска категорија.

Спортистите сениори, државјани на Република Македонија, врз основа на постигнати резултати во одреден временски период, се стекнуваат со спортската категорија: спортист од Светска категорија.

Еднаш стекнатата спортска категорија има траен карактер и доживотно му припаѓа на спортистот како титула. Спортската категорија спортистите ја стекнуваат врз основа на остварените резултати на официјалните натпревари, државни првенства, европски и светски првенства, светско универзитетско првенство и летни и зимски олимписки игри. При утврдувањето на спортската категорија се вреднуваат само резултатите остварени на официјални меѓународни натпревари кои се во календарот на европските и светските асоцијации и државните првенства. Спортските резултати кои ги постигнуваат спортистите во сениорска конкуренција, поточно мерилата и критериумите се утврдени во Правилникот за категоризација на спортистите од Република Македонија („Сл. Весник на РМ“ бр. 51/02 и 50/04). Националните спортски федерации должни се навреме да достават комплетна документација за предложените кандидати за категоризирани спортисти.

Спортист од светска категорија