Традиционални спортски манифестации

“ИКАС“–Традиционален меѓународен илинденски кајак слалом

 

Со одржувањето на илинденскиот кајак слалом се промовира Матка како едно од најубавите места на Балканот за овој спорт. Додека трае спортската манифестација, Матка е посетена и преполна е со љубители на кајакот. За натпреварувачите ова претставува мини балкански шампионат.

 

ОРГАНИЗАТОР: КАЈАКАРСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПЕРИОД : АПРИЛ

МЕСТО: КАЈАК ПАТЕКА НА МАТКА, СКОПЈЕ

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: AТАНАС НИКОЛОВСКИ 071-787-080

“СКОПСКИ МАРАТОН– Традиционален меѓународен атлетски маратон

 

Скопскиот маратон секогаш се одржува на денот на Европа 9 мај. Спортистите се пријавуваат за настап во следните категории :

– Маратон 42 km,

– Полумаратон 21 km,

– Хуманитарна трка 5 km и

– Трка за основни училишта 2km.

 

ОРГАНИЗАТОР: АТЛЕТСКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПЕРИОД : 9 МАЈ – ДЕНОТ НА ЕВРОПА

МЕСТО: НИЗ УЛИЦИТЕ НА ГЛАВНИОТ ГРАД СКОПЈЕ

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ГОРДАНА КУЗМАНОВСКА 071-223-733

skopski maraton

“МАКЕДОНСКИ БИСЕРТрадиционален mеѓународен турнир во борење

 

Турнир со голема традиција, со што потврдува досегашното учество со повеќе од 2000 борачи од целиот свет. Воедно турнирот се одржува пред почетокот на некое од големите меѓународни натпреварувања (Европско или Светско првенство во борење) со што се пријавуваат голем број имиња на борењето.

 

ОРГАНИЗАТОР: БОРЕЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПЕРИОД : ЈУНИ

МЕСТО: ДОПОЛНИТЕЛНО, ВО ДОГОВОР СО ОПШТИНА

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ЉУПЧО ЛАЗАРЕВСКИ 075-506-644

makedonski biser

 “ОХРИДСКИ МАРАТОН” – Традиционален меѓународен пливачки маратон

 

Охридскиот маратон се наоѓа на листата на ФИНА (меѓународната пливачка федерација) и се бодува за Светската листа за маратонско пливање. Воедно на маратонот се пријавуваат големи имиња од маратонското пливање. Пехарот за победникот го доделува Претседателот на РМ

 

ОРГАНИЗАТОР: ПЛИВАЧКА ФЕДЕРАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ПЕРИОД : АВГУСТ

МЕСТО: НИЗ ВОДИТЕ НА ОХРИДСКО ЕЗЕРО, СВ.НАУМ-ОХРИД

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: АЛЕКСАНДАР КОЦЕВСКИ 070-624-112

????????????????????????????????????

“ЗЛАТЕН ГОНГ” – Традиционален  меѓународен турнир во бокс

 

Турнирот се одржува во месец ноември и влегува во програмата за одбележување на Денот на ослободување на Град Скопје

 

Еден од најстарите мегународни турнири во бокс во Европа со долга традиција, турнир со големо реноме, со голема историја, со големо значење за боксот во нашата држава. На овој турнир имаат учествувано имиња од европската и светската сцена со што се потврдува неговото долгогодишно реноме.

 

ОРГАНИЗАТОР: Боксерска федерација на Македонија

ПЕРИОД: 11-13 НОЕМВРИ

МЕСТО: СКОПЈЕ

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ДУШКО САЧКАРСКИ 071-316-881

Zlaten GOng

ШАРПЛАНИНСКИ КУП – Традиционален меѓународен турнир во скијање

 

Шарпланински куп е спортска скијачка манифестација која се одржува секоја година на ски центарот Попова Шапка на Шар Планина

 

ОРГАНИЗАТОР: Скијачка федерација на Македонија

ПЕРИОД: Февруари

МЕСТО: Шар Планина, Тетово

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: КИРИЛ НАСКОВ 078-281-234

Sarplaninski kup

МАВРОВСКИ МЕМОРИЈАЛ – Традиционален меѓународен турнир во скијање

 

Мавровски меморијал е традиционален меѓународен натпревар во скијачко трчање (нордиско скијање) кој се одржува секоја година на патека околу Мавровското езеро. Натпреварот е меморијален во чест на загинатите градители на Хидросистемот „Маврово“.

 

ОРГАНИЗАТОР: Скијачка федерација на Македонија

ПЕРИОД: Март

МЕСТО: Маврово

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ:КОЧО КИРАЦА 078-201-999

Mavrovski memorijal

СТРУГА – Традиционален меѓународен турнир во ракомет

Традиционалниот меѓународен турнир во ракомет Струга претставува еден од најстарите и најмасовните меѓународни турнири во ракомет во Европа. Покрај домаќинот РК СТРУГА, другите учесници се секогаш екипи кои се во европскиот ракометен врв.

 

ОРГАНИЗАТОР: РК СТРУГА, Ракометна федерација на Македонија

ПЕРИОД: Август

МЕСТО: Струга

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ЃОКО ИЛОСКИ 078-276-969

struga rakomet

„БРАНКО ХАЏИ ИЉОСКИ – ЧАЈКА“ – Традиционален меѓународен меморијален турнир во одбојка

 

Преставува меѓународен турнир во одбојка со кој се оддава почит кон основоположникот на одбојкарскиот спорт во Тетово и пошироко, Бранко Хаџи Иљоски – Чајка. Светол лик во македонскиот спорт и во македонската одбојка, со што секоја година на турнирот се пријавуваат екипи од меѓународната одбојкарска сцена.

 

ОРГАНИЗАТОР: Одбојкарска федерација

ПЕРИОД: Септември

МЕСТО: Тетово

КОНТАКТ ЗА ПОДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ: ИВИЦА ХАЏИ ИЉОСКИ 070-209-090

Cajka