УПИСИ

Добре дојдовте во Меѓународно училиште Скопје!

Им посакуваме добредојде на сите ученици што сакаат да ги прошират своите видици и да научат како да го истакнат најдоброто од себеси и да се реализираат на најдобар начин.

Ве охрабруваме да ги зграпчите сите можности што ги нудиме и да го најдете својот пат до академскиот и личен развој.

Ве очекуваме да нè посетите и самите да го истражите нашиот свет.

Посетете нè

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ

Редовно организираме отворени денови во Меѓународно училиште Скопје и им овозможуваме на идните ученици и нивните родители да го посетат училиштето, да се запознаат со наставниците и со средината што ја создаваме.

Отворените денови ќе ви ја претстават можноста да истражите сè што нуди нашето училиште, како и начинот на кој им помагаме на учениците да созреат.

Можете да нè посетите индивидуално или во мала група.

 

ЗАКАЖЕТЕ ПОСЕТА

ЗАКАЖЕТЕ ПОСЕТА

ПОСЕТА ВО МАЛИ ГРУПИ

 

Ги охрабруваме идните ученици и нивните родители да ја искористат првата можност и да присуствуваат на еден од нашите отворени денови.

Во рамките на посетата во отворените денови, ги покануваме семејствата што се заинтересирани за запишување ученици во прва година да ја искористат можноста за посета во мала група. Ги поттикнуваме родителите да присуствуваат на овие посети бидејќи тоа е најсоодветниот начин за запознавање и добивање информации за училиштето.

ИНДИВИДУАЛНИ ПОСЕТИ

 

Би ни било задоволство да организираме и индивидуални посети за идните ученици и родители. Ако не можете да присуствувате на еден од нашите отворени денови, ќе ни претставува задоволство да организираме индивидуална средба, како и средба со некој од наставниците и едукаторите.

ПРОЦЕС НА ЗАПИШУВАЊЕ

Благодариме за вашиот интерес за Меѓународно училиште Скопје. Нашата цел е да се осигуриме дека учениците имаат одлично искуство со нас уште од првиот ден.

Процедура

Уписите се во тек и бројот на слободни места е ограничен. Регистрацијата на учениците се одвива лично во нашите простории или електронски.

За упис се потребни следните документи:

⦁ пополнета апликација;
⦁ извод од матичната книга на родени;
⦁ свидетелства;
⦁ дипломи од натпревари, признанија, дипломи за вонучилишни активности итн.

Интервју

Како дел од процесот на упис е интервјуто на секој ученик. Учениците и родителите имаат средба со член од тимот за упис.

Прием

Комисијата за прием носи одлуки за прием на кандидатите по поднесување на целосната документација и спроведувањето на интервјуто.

Поднесување документи

Пријавувањето започнува на

Тимот за упис им нуди поддршка на семејствата во текот на уписите за олеснување на процесот. Исто така ќе ви ги опише сите детали и ќе одговори на вашите прашања во однос на приемот на ученици.

Ве очекуваме!